There is no translation available.

I

Македонскиот револуционер и водач на ослободителното движење во Македонија Гоце Делчев, ангажиран околу организирањето на македонскиот народ за една револуција што би му донела национално ослободување, немал ни време ниту погодна прилика целосно да ги изнесе своите концепции за политичката и воената стратегија и тактика на национално-ослободителното движење на македонскиот народ. Меѓутоа, низ неговата деветгодишна револуционерна и организациона активност, и низ некои негови мисли забележани во досега откриени писма, а посебно искажани од бројните негови соработници и пријатели, а едновремени и од лица од другата страна на фронтот, можеме да согледаме некои мисли од основните концепции на Гоце Делчев за револуција во која требало да се обезбедат сите нужни претпоставки за национално ослободување на македонскиот народ, за создавање национална држава, како крајна цел на тогаш подготвената револуција.

Неоспорно, дека мислите и делата на една личност се сврзани со многу фактори, но еден од тие фактори секако е карактерот и целосната оформеност на личноста, што историјата И дала можност во еден одреден временски период да застане на чело на македонскиот народ, истиот да го подготвува за тешки судбоносни, но славни дела, во кои се бараат најголеми психички и физички напрегнувања, во кои и животот се поклонува за среК:на иднина, за среќен, не личен живот, туку за среќен и слободен живот на идните генерации. Сметаме дека е нужно низ ваква перспектива да го гледаме Гоце Делчев како истакнат револуционер за своето време, кој што немал сопствен живот и лична срека, туку и животот го положил за иднината на својот народ. Се радувал кога гледал како народот на кој што му припаѓал се будел од еден летаргичен сон и се готвел со сопствени сили да ги раскине сШiџирите на петвековното ропство.

Таква оформена личност, со јасен мироглед на светот, не може случајно да стапи на сцената на револуцијата. Тоа не е метеор што за момент блеснува на небото, тоа е ѕвезда која трајно светли и влева нови сили во револуционерната борба низ која ја открива иднината. Таква личност се раѓа еднаш во столетието, но едновремено и се гради во домот на своите родители и во средината во која живее и се развива.
За фамилијата на Гоце Делчев, за неговиот татко Никола и мајката Султана, има доста објавени материјали достапни и познати на јавноста. Чесна, еснафска фамилија, со понос и спрема својата средина и спрема поробителот - тогашните власти на Отоманската империја. Гоце растејки во една, таква фамилија во себе си ги носи и поносот и одлучноста на својот татко и скромноста на мајка си.1 Гоце расте, се школува и развива во едно револуционерно време, кое без сомнение, влијае на неговото оформување како револуционер, што му овозможува уште како младинец да ја согледа тешката положба на својм македонски народ. Социјалистичките мисли што тогаш навлегуваат и во Македон:И: ја не го одминуваат Гоцета.2 Тој уште во гимназијата се запознава со социјалистичка и револуционерна литература, што е причина за неговото отпуштање од военото училиште во Софија со признавање дека го завршил училиштето, но без право да добие офицерски чин.3 Изградувајќи ја својата личност во такви услови во средината на Кукуш, Солун и Софија, Гоце Делчев израснува во една гранитна фигура, задоена со еден голем идеал - неговиот народ да се ослободи. Тој е исполнет со ретка храброст истакната на дело во многу случаи. Гоце е воспитан трпеливо и упорно да работи па како таков го гледаме и во воспитувањето и организирањето на својот народ за востание и револуција. Но едновремено во одредени моменти смело и отворено да се спротивстави на противникот на својот народ, било тој да се јавува во ликот на турската власт или во ликот на одделни слуги на империјалистичката политика на Царската бугарска власт или макар кој што би се обидел да го попречи реализирањето на неговите замисли за ослободувањето на Македонија и Тракија.4

Условите во коишто се развивал Гоце Делчев, а уште повеКе непосредната ангажираност со револуционерната активност во организацијата, му овозможуваат реално и целосно да ја согледа тогашната положба на македонскиот народ. Гоце ја согледува неговата тешка политичка, економска и социјална положба наметната од страна на органите на отоманската власт.5 Тој едновремено ја согледува и деликатната политичка ситуација на Македонија во однос на општата политичка положба на народите на Балканскиот полуостров, што произлегува од географската положба на Македонија, светските комуникации што поминуваат низ нејзината територија, но и од природните богатства привлечни за странските капитали.6 На ова место нужно е да потсетиме дека територијата на Македонија по својата географска положба претставува „клуч;“ на Балканот за врските: Европа - близок и среден исток. Од овие причини трите балкански држави (Бугарија, Србија и Грција) се стремат да ја заграбат Македонија, како би ги своите државнички позиции поправиле, односно застанувајќи на светските комуникации имаат доминантен положај.

За да се оправдаат овие империјалистички цели се изнесуваат теории за Бугарски, Српски или Грчки карактер на Македонија. Потоа, се фалсифицира историјата на споменатите три држави, а историјата на македонскиот народ или присвојува или наполно негира.

Во таквите општи услови и во услови на тешка и деликатна револуционерна работа во Организацијата, Гоце Делчев ги развиваше своите концепциски становишта за политичката и воената стратегија и тактика на национално-револуционерното движење во Македонија. Во тие услови во коишто се развиваше и дејствуваше Гоце Делчев, во услови на средината што го опкружуваше и во која работеше, треба да се согледуваат, анализираат и да се оценуваат неговите мисли значајни за утврдување на основниот правец во развитокот на револуционерното движење на македонскиот народ.

Низ својата долгогодишна револуционерна активност Гоце Делчев во својство на член на Централниот комитет, во својство на, така наречен, задграничен преставник на Организацијата во Софија како и во својство на началник на сите чети во Македонија тој се ангажира неговите мисли по неколку основни проблеми за концепција на политичката и воената стратегија и тактика на револуционерното движење, тие да бидат прифатени од раководствата на Организацијата, и од широките народни маси. Тој е неуморен во реализирањето на своите реално замислени основни стратегиски концепции, положувајки го и својот живот во таа активност.

Со оглед на местото каде што го поднесуваме ова излагање и времето што ни стои на располагање, во најкуси црти ке се осврнеме само на неколку мисли за стратегиските концепции развивани од Гоце Делчева за револуционерното движење на македонскиот народ.

II

Една од најзначајните мисли на Гоце Делчев е народот како субјект, идеолошко-политички да го издигне, но едновремено и да го подготви по пат на вооружена борба да се ослободи и да се создаде национална држава. Оваа мисла Хаџи Николов многу јасно ја формулира, истакнувајки, дека лозинката на револуционерното движење на македонскиот народ: „...треба да биде автономијата на Македонија...“ и понатаму: „Нашата задача треба да биде да ја спасиме цела Македонија, а тоа може да стане само преку една автономна Македонија."8 Со оглед на повеќевековното ропство на македонскиот народ и со оглед на фактот што едновремено на територијата на Македонија покрај македонскиот народ живеат и други народи: Турци9, Албанци, Грци (во јужните краишта на Егејска Македонија), Евреи и Роми (по градовите), Власи и др., го усложувало реализирањето на поставената цел. Тежината и сложеноста на овој проблем произлегува и од фактот што на територијата на Македонија делувале и повеќе религии со цела своја мрежа од разни институции што ги плениле и душата и телото речиси на секој жител во Македонија. Покрај постоењето на разни религии, што со својата активност ширеле омраза спрема припадниците на другите религии, уште по карактеристично е што православната религија ги делела своите верници на егзархисти и патријаршисти. Во практиката клерот на Егзархијата и Патријаршијата вршеле притисок над верниците за нивна политичка ориентација кон Бугарија, односно кон Грција, всушност преку црквата и школите работеле на неговата денационализација.10 Сложеноста на положбата на македонскиот народ уште повеќе се комплицира и поради разновидните влијанија на заинтересирани европски сили (дражви) од кои посебно се истакнуваат Русија, Австро- Унгарија, како најнепосредно заинтересирани за Балканот. Но, не треба да се исклучат и другите тогашни европски големи сили (Германија, Франција и Италија). Исто така, и политичкиот интерес што тогашните балкански држави самостојно или со поддршка на некоја европска сила го пројавуваат кон Македонија, посебно ја отежнува положбата на македонскиот народ. Тој интерес на балканските држави израснува во империјалистички стремеж, а од страна на нивните владеачки кругови се прават обиди со политичка и вооружена интервенција во Македонија истиот да се реализира.11

Во ваквата извонредно сложена положба во која Организацијата во Македонија се наоѓаше Гоце Делчев, Ѓорче Петров и Даме Груев, посебно се ангажираат својата база за револуција — народот, сестрано да го подготват за револуционерна активност.12

Македонскиот народ во периодот и пред Гоцевата револуционерна активност под дејство на повеќе бунтови и востанија (Разловечкото, Кресненското, Горноџумајското и др.) неколку децении бил во еден револуционерен подем.13 И покрај ова во тој период кај широките народни маси сепак политичката и општо-културната свест не била на такво ниво, сосема сигурно да може да согледа и да сфати дека, ако народот е единствен и организиран, може со оружје да ја извојува својата национална слобода, независно од големината на силата на тогашната отоманска империја. Меѓутоа, треба да истакнеме дека кон губењето на самоувереноста на народот многу придонесувале и неуспешно завршените споменати востанија и буни. Нужно е да нагласиме, дека и при инаку, во народот недоволно развиената револуционерна-политичка концепција, дека народот ако е единствен е непобедлив и дека тој може да се бори и против големата султанска сила, во тој период, од разните религии и со акциите на соседните балкански држави, посебно Бугарија, таквата концепција била потиснувана во масите со пропагандни пароли дека наводно ослободувањето на македонскиот народ ќе се изврши со дејство на надворешни а не со сопствени сили.14 И ако ова биле само пропагаторски пароли, народот тешко можел во нив да ги согледа империјалистичките стремежи на соседните балкански држави, односно на нивната големодржавнички ориентирана буржоазија. Гоце Делчев и неговите најблиски соработници согледуваќи го овој проблем во неговата вистинска смисла и значење, вложуваат големи усилби идејнополитички да го подготват македонскиот народ за вооружено востание. Првите неколку години од постоењето на организацијата покажуваат дека не требало многу да се чека народот да ги прифати идеите за вооружена борба за да ја извојува својата национална слобода, што Ѓорче Петров јасно го истакнува со зборовите: „Македонското дело, од платонско и идеалистичко, се престори во една реална кауза, со цел што е достижна во практика...“.15 Илинденското востание ова го потврдува. Народот масовно, самопрегорно, со пројавена голема храброст, се дига на вооружено востание. Друг е проблемот дали Илинденското востание во таа општа политичка положба на Македонија требало да има таков карактер, но за тоа е нужно посебна студија.

Македонската револуционерна организација била свесна, дека покрај македонскиот и другите народи, па и оној што припаѓал на владеачката класа, турскиот, исто така го носат тешкиот јарем на суровата експлоатација на султанската власт. Затоа Делчев и голем број негови соработници упорно насекаде истакнувале дека борбата се води против турската власт, а не против турскиот народ.16 Гоце е многу заинтересиран меѓу народите што живеат во Македонија да се развива мир и соработка. Неговите идеи многу се блиски до создавањето на народен фронт во кој против експлоататорската власт би се кренале обединети сите народи експлоатирани од турската власт, независно од нивната национална, политичка и религиозна припадност. Гоце Делчев е свесен дека македонскиот народ во својата борба за ослободување, во другите народи што живеат во Македонија мора да најде сојузник или барем тие да ги постави во неутрална положба спрема востанието. Овие мисли што Гоце и Ѓорче ги проповедаат Поп Алексо Шлеговски во едно свое изложение ги формулира: „Да ги збиеме редовите за сеопшто организирање во општ сојуз на општата борба за едно општо национално сенародно дело“ и понатаму: „Со време се посветени и секој писмен и неписмен македонски орач и овчар, на секого убедливо му беше објаснето за организацијата...17. Но и Никола Казанџиев, истакнува дека Гоце меѓу другото инсистирал: „ ...со големо трпение треба да направиме се што е можно за да го убедиме непријателот да стане наш пријател...“18. Никола Зографски пак ги изнесува и Гоцевите зборови: „Успехот во борбата ќе дојде со планско револуционерна работа, со која ке им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи и Албанци, ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава..., и тогаш тие доброволно ќе ни подадат братска рака, здружено ќе ја продолжиме борбата...“19 Тој и неговите блиски соработници се свесни дека не смеат да позволат да дојде до граѓанска војна, не смеат да позволат народот да се подели спрема националната и религиозна припадност, зашто тоа би одело во полза на владеачките кругови. Оваа мисла поддржана од Гоце и неговите соработници, е истакната во Илинденското востание, во познатиот Крушевски манифест.20

III

Покрај идеолошко-политичката подготовка на народот за вооружена борба, организацијата, а посебно Гоце Делчев е неуморен во акцијата национално-револуционерното движење материјално-финансиски да го обезбеди. Неговата активност на овој план е многустрана и разновидна.

Гоце Делчев со своите соработници се обидува материјални и финансиски средства во почетокот да обезбеди во прв ред од помошта на поимотните граѓани (чорбаџиите). Таквата акција во Штип му дала незнатни резултати. Во Кукуш резултатите биле нешто поголеми.21 Можеби педантните истражувачи ќе утврдат колкава била таа помош што по градовите ја давале имотните граѓани, но организацијата во целост, а посебно Гоце Делчев, увидуваат дека по таков пат народот материјално нема да може да се обезбеди за вооружена борба, посебно да му се обезбеди оружје и муниција. Поради ова Организацијата, за да се здобие со извесни финансиски средства, пристапува и кон пленување истакнати личности од редот на турската власт или личности од големите европски земји, а нивното пуштање на слобода го условува со откуп т. е. давање на Организацијата одредени финансиски средства. Таков е случајот со Мис Стон,22 а и самиот Гоце лично учествува во грабнувањето на струмичкиот бег.23 Независно од фактот што овие акции по форма личат како да се пренесени од ајдутството, сепак тие претставуваат една своевидна форма за добивање финансиски средства за потребите на Организацијата. Меѓутоа, многу е значајно што Организацијата, а посебно Гоце согледале дека не можат да се приберат финансиски средства по пат на двата истакнати начини, па за таа цел отпочнуваат една многу значајна, далеку поефикасна акција. Имено, секој член на Организацијата, а во неа масовно се членувало, да собира средства и за себе си сам да обезбеди оружје и муниција, сам да си подготви и друга нужна опрема.24 Ова всушност бил најреален пат во решавањето на тој стратегиски проблем, народот масовно да се вооружи и постепено да се реализира замислата на Гоце, целиот народ да биде опфанат во револуционерното движење и вооружен.25 Овој начин за самовооружување на народот не само што бил поефикасен, туку едновремено е и многу значаен и убедлив во уцврстуваљето на идеата, со оружје народот сам да си извојува слобода. Едновремено, секој член на Организацијата наоружувајќи се тој се и запознава и со употребата и со одржувањето на оружјето. Во решавањето на овој извонредно значаен воено-политички, стратегиски проблем, посебно треба да ја истакнеме упорноста на Гоце Делчев и неговиот успех во тој поглед, да не се прима никаква материјално-финансиска помош од бугарската влада, односно држава. Тој во една далечна визија ги согледува последиците од евентуално примање на таква помош од бугарската држава, што укажува на фактот дека Гоце Делчев имал изграден однос кон Бугарската држава и дека ги согледувал нејзините империјалистички стремежи. Многу јасно и прецизно Гоце истакнува, дека за секое давање материјално-финансиска помош бугарската држава ќе бара тоа на некој начин да го наплати. Ова Гоце Делчев многу јасно го изнесува во одговорот на Руменов кога тој предлага да се земат пари од бугарската влада, Гоце Делчев му пишува. „Тоа не може, тоа нема да биде никогаш...“ „Еднаш земени пари од владата,... значи даден ангажман, значи обврзување... Бугарската влада која што има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош" создадената состојба...“ Понатаму „и без тоа другите балкански и европски влади..., тие сакаат тоа да биде... зашто во тој случај полесно би им ставиле крај на нашите усилби и тогаш слободно ќе можат да тргуваат и да ја делат нашата земја.26 Гоце со голема далековидност согледува дека тоа наплатување би значело давање политички концесии за бугарската влада, што би ги отворило вратите во Македонија за една пообемна, по форма многу разновидна интервенција од страна на сите тогашни балкански држави,27 а последиците од тоа можеше да биде само она што настана по неуспехот во Илинденското востание, да би ја достигнало кулминацијата во Балканската и Првата светска војна — делбата на Македонија.

Концепцијата на Гоце Делчев со одбивањето на материјално-финансиската помош од Бугарија да ја попречи интервенцијата на балканските држави е многу значајна и водела кон зацврстувањето на идејата за самостојноста на Македонија. Меѓутоа, што сепак дојде до делбата на Македонија меѓу балканските држави и разединувањето — разбивањето на македонскиот народ, е сосема друг проблем. Балканските држави (нивната владеачка буржоазија) ова го реализира во други услови и по други патишта, кога револуционерната организација што македонскиот народ го предводеше беше разбиена, како последица на многу разновидната интервенција и пропаганда за разбивање на македонскиот народ, односно за неговата денационализација,28. Ова далекосежно согледување на последиците од политиката на балканските држави од страна на Гоце и на неговите соработници посебно е значајно и нужно да се истакне, како едно општо револуционерно искуство, бидејќи проблемот за политичката независност на движењето и денес е многу акутен проблем во борбата на одделни народи за нивната национална и социјална слобода.

Во активноста за материјално обезбедување на народот за вооружена борба Гоце вложува огромни усилби да организира набавка на оружје и муниција. Се разбира, сосема мали биле количествата на оружје што тогаш можеле да се набават во Македонија (само пушки Тетовки во мали количини), па морало за набавка на оружје да се бараат разни тајни канали во соседните балкански држави.29 Со оглед на фактот дека Гоце Делчев повеќе години бил претставник на Организацијата во Софија, тој успева во Бугарија да организира набавка на извесна количина пушки и муниција, потоа нешто ладно оружје и пиштоли.30 Лично се залага во решавањето на многу значајниот проблем — создавањето на тајни канали за пренос на набавеното оружје и муниција од Бугарија во Македонија и неговото распределување по организации и сл.31

Решавајќи го овоj проблем раководството на Организацијата е свесно дека востаниците не може да ги вооружат со тешкооружје (топови и сл.) бидејќи е сврзано, со многу тешко решиви проблеми како што е проблемот на стратешкиот кадар, обуката на луѓето, чувањето до употребата, транспортот во текот на борбите - проблеми што тешко се решаваат во условите на тајните подготовки на востание, поради што Гоце настојува ова да го надомести по друг пат, т. е. да се изработат разновидни типови бомби. Чија е оваа идеа и од каде е прифатена за сега тешко може да се утврди. Меѓутоа, во нејзиното реализирање Гоце Делчев развива извонредна активност. Тој со своите соработници создава работилници за изработка на бомби во разни димензии и со разна разорна сила. Тие така наречени бомби — од рачни — за непосредна употреба во директните судири до тешки — за минирање на разни објекти, во акциите на четите се покажале вонредно ефикасни. За оваа цел е создадена и работилница за бомби во реонот на Ќустендил, така наречена „Сабларска фабрика“. Покасно такви работилници се создале и во внатрешноста на Македонија (Осоговска планина — Кратовско, Дедино, — Радовишко и др.). Гоце за создавањето на таа „фабрика“ за бомби во реонот на Ќустендил вложува голема енергија во изнајдување на стручни кадри, и за набавување материјал, но едновремено е активен и во обучувањето на луѓето во самата работа, па дури и лично работел извесно време во истата.

Колкав значај, со право, придавал Гоце на вооружувањето на народот може да се согледа од бројните до сега познати негови писма, кога речиси во секое писмо тој говори и решава некој проблем од набавката и доставувањето на оружјето и муницијата, честопати навлегувајќи и во многу детали на самата распределба на оружјето.34

Ангажирањето на Гоце Делчев со еден вонреден ентузијазам во решавањето на материјално-финансиските проблеми, а посебно за вооружувањето на народот, ги потврдува неговите мисли и стремежи целиот народ идејно-политички да се подготви — но веднаш и да се вооружува за да би можел да го реализира она што го поставил како политичка цел на револуционерното движење, односно да ги реализира целите на борбата на македонскиот народ за национално ослободување.


1 Христо Анданов-Полјански, "Гоце Делчев", I Скопје, 1972, во 6 тома - (во натамошниот текст: Х. А. Полјански), том I., с. 65-70.
2 Исто, том I, с. 75, 80-82, 88, 90, 94, 99, 106-108, 111.
3 Исто, том I, с. 95 (искажувања на Т. Делииванов).
4 Исто, том I, с. 133-135, 137, 138.
5 Исто, том I, стр. 38, 40, 111, 120, 132, 134.
6 Исто, том I, с. 31-36, 45, 47.
7 Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 58.
8 Гане Тодоровск:и: Формирањето на ВМРО, според ракописните мемоари на Иван Хаџи Николов, Разгледи, год. XI, бр. 10 Скопје 1969, с. 1073.
9 Турците како владеачка нација во тој период не можеле да се покренат за целите на македонскиот народ за национално ослободување и национална држава, бидејќи и ако формално, тие тоа го имале. Тие можеле да бидат вклучени во движењето единствено за цели од социјално-класен карактер, или да се пасивизираат, сепак имало одделни личности што со симпатии гледале на национално-ослободителното (пр. во Ресенско, Кајларско и др. места).
10 Спомените на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 44.
Гане Тодоровски:, споменатата статија, од мемоарите приведува и некои мисли на Хаџи Николов за В. Кнчев за неговата мисија во Македонија, како на пр.: „Јас дојдов за учител во Солун со амбицијата да ја побугарам Македонија“. Разгледи XI/10, с. 1080-1081, Х. А. Полјански, том I, с. 43, 60, 61, 119, 120.
11 Историја на македонскиот народ, кн. 2, Скопје, 1969, с. 211-215, 218-224.
12 А. Х. Полјански, том I, с. 41, 42, 47, 59, 70, 80, 128, 131, 133, 134, 135, 201, 222.
13 Разловечкото востание 1876 г,; Креснеското востание 1878 г. и Горноџумајското 1902 г.
14 А. Х. Полјански, том I, с. 106; Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1950, с. 38.
15 Ѓорче Петров, Македонското ослободително дело на Бугарска почва, София, 1902, објавено во Разгледи XI, бр. 10, с. 1027, 1067.
Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1950, с. 22, 24, 25, 28, 34, 35, 47; Г. Баждаров, Изъ Македонката земя, София 1926, д. 86--87.
16 Т. Делииванов ја изнесува Гоцевата мисла: „Мислиме ли дека тие сиромаси се во подобра положба од нас при се што се Турци?“, према Х. А. Полјански, том I, с. 132. Или борба да се води „Сами против тиранијата на турската власт, но не и против турскиот народ“, по Танев, Пенков, Стоицков, према Х. А. Полјански, том Ш, е. 304, или „Тој проповедаше борба против власта, а не против населението — Ѓ. Петров, према Х. А. Полјански, том III, с. 315.
17 Разгледи, XI, бр. 10, с. 529 и 530, соопштение од Славко Димевски.
18 Према Х. А. Полјански, том III, с. 147.
19 Х. А. Полјански, том III, с. 104.
20 Крушевскиот манифест препечатен на македонски и преведен на руски и англиски, со мал коментар, објавен е во издание на Институтот за национална историја, Скопје, 1968 г.
21 Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 21, 33, 63. Спомени од Георги П. Христов (Револуционерната борба в битолския окръг), София, 1952, с. 32; Х. А. Полјански, том I, с. 156-159, 166.
22 Х. А. Полјански, том I, с. 161. За ова пишува и Ил. Ивалов во „Моменти из живота на Гоце Делчев".
23 Историја на македонскиот народ, Скопје, 1969, том II, с. 183-184; Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 53, 63, 109-112.
24 Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 59; Спомени на Георги П. Христов „Революционната борба в битолския oкръг, София 1953, с. 39; Х. А. Полјански, том I, с. 154, 156, 202, 203, 208.
25 Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1952, с. 24, 59; Х. А. Полјански, том I, с. 208; Љубен Лапе — Писмата на Гоце Делчев, с. 13, во писмото до Каранов, меѓу другото стои: „Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание кое зема големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено“.
26 Цитирано според Х. А. Полјански, том III, с. 232-233 (Р. Р. „Маката на Гоце“).
27 Х. А. Полјански, том II, с. 184 и том III, с. 144-150, том I, с. 137.
28 Владите на балканските држави, по Илинденското востание ја засилуваат својата пропаганда но засилуваат ја и така наречената вооружена пропаганда, која всушност значи оружена интервенција во внатрешните проблеми на Македонија, која се завршува со делбата на Македонија меѓу балканските држави во пламенот на Балканската и Првата светска војна (1912-1913 и 1914-1918).
29 Спомени на Ѓорче Петров, СКопје, 1952, с. 23, 24, 40, 41, 50. Х. А. Полјански, том I, с. 135, 139, 154, 156, Голем број од писмата на Гоце Делчев објавени од Хр. А. Полјански во споменатото дело, том II, и од Љ. Лапе, Скопје, 1951, говорат за овј проблем.
30 Гоце Делчев — писма — објавени од Х. А. Полјански, том II, ќе означиме само неколку на стр. 17, 24, 27, 33, 36, 37, 39, 39, 44, 48, 70, 76, 77, 85, 91, 111, 113, 118, 1 19, 123, 128, 139, 142, 145, 152, 153, 166, 168, 184, 210, 213, 214.
Оружје, покрај тоа што могло да се набави во Македонија, набавувано е во Грција и Бугарија, но и во некој други земји во странство.
31 Гоце Делчев — писма — објавени од Хр. А. Полјански, том II, ќе наведеме само неколку на стр. 28, 29, 30, 32, 40, 72, 74, 80, 87, 92, 94, 163, 191, 199, 218.
32 Спомени на Ѓорче Петров, Скопје, 1950, е. 21, 27, 28, 39, Х. А. Полјанеки, том I, с. 153-159, 161, 198, 199.
33 На 219 страници од писмата на Гоце Делчев што ги приведуваат Љубен Лапе (1951) и Христо Андрнов - Полјански во том II, се говори претежно за проблемите за набавка и доставка на оружјето.
34 Востаничкото движење во југозападна Македонија, по спомени на Славејко Арсов, с. 12, 13; Ослободителната борба въ Костурско, по спомени на Пандо Кляшев, София, 1925, с. 61. Гоце Делчев в Костурско, од А. Дамјанов, по Х. А. Полјански, том III, с. 197.
35 Александар Христов: Создавање на македонската држава 1893-1945, Скопје, 1971, с. 138-142, 142-146.